Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава против двајца затворски работници во КПУ Затвор Струмица кои сториле по две кривични дела

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон, соопшти МВР.

-На 04.12.2023, В.Т., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С. со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица. М.С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В.Т. и М.С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност. Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК