Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Шкријељ: Финансиска поддршка до 10.000 денари за ранливите граѓани во наредните 5 месеци

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ:

СДСМ се грижи за социјално ранливите сограѓани и со дополнителна финансиска поддршка како дел од 9-ти пакет на антикризни мерки.

Во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци помагаме повеќе за надминување на потешкотиите.

По 2.000 денари месечно во наредните 5 месеци добиваат над 16.000 наши социјално ранливи граѓани.

Финансиска поддршка по 2.000 денари во наредните 5 месеци добиваат корисниците на правото на надомест заради попреченост, посебен додаток, самохрани родители приматели на Гарантиран минимален приход.

Тоа се вкупно 10.000 денари поддршка за наредните 5 месеци.

За оваа финансиска поддршка нема потреба граѓаните да аплицираат, ќе ја добијат директно на сметките.

За ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари исто така обезбедивме финансиска поддршка.

По 1.800 денари месечно во наредните 6 месеци добиваат учениците од средно училиште или вкупно тоа се 10.800 денари по ученик.

Учениците од основното образование, добиваат по 1.200 денари месечно до крајот на школската година или вкупно тоа се 7.200 денари.

Повеќе за сите и поголема поддршка на учениците од ранливи семејства, грижа за нив и за нивната социјална сигурност.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Арачиново – Меѓусебна пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица со две возила

ДЕСК

Извлечено тело на починат маж од Вардар – полицијата објави детали и идентитет на жртвата

ДЕСК

Напишал коментар на социјална мрежа, полиција му затропа на врата

ДЕСК