19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Поддршка од 32,5 милиони евра за 66 проекти од локален интерес во 44 општини, вложуваме во рамномерен регионален развој

„Вкупно 2 милијарди денари или 32,5 милиони евра се обезбедени преку пренамена на финансиски средства од буџетите на шест министерства и една агенција. Односно од министерствата за здравство, образование и наука, труд и социјална политика, култура, транспорт и врски, животна средна и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт. Овие пари се наменети за вкупно 66 проекти за 44 општини,“ истакна Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по повод потпишувањето на договорите со општините за реализација на конкретни проекти од локален интерес.

Претседателот Ковачевски посочи дека заедничка цел на централната и на локалната власт треба да бидат интересите и потребите на граѓаните, што претставува еден од врвните приоритети на Владата.

„Се работи за проекти за реконструкција на улици и локални патишта, изградба и реконструкција на училишта и на градинки, здравствени установи, спортски сали, домови за култура, пречистителни станици, мостови, спортски сали, пречистителни станици, мостови и други проекти во најголем дел од државата веќе имаат подготвено документација со која што може да се отпочне со работа,“ посочи Ковачевски.

Претседателот потенцираше дека реализацијата на овие проекти овозможува подобра инфраструктура, поквалитетни услуги, подобро образование и здравство, како и можности за повеќе спортски активности и поголема заштита на здравјето на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК