Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Потврда од устата на Мицкоски, со ДПМНЕ во ЕУ ниту за 100 години

-Со ДПМНЕ во ЕУ ниту за 100 години, потврди самиот Мицкоски пред целата македонска јавност во интервју за 360 степени, соопшти СДСМ.

„Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина која мора да биде поразена.

Сакаат да ја вратат државата назад, во мрачно минато, во изолација, скарана со сите.

Со блокадите и кочењето на европскиот пат им ускратуваат на граѓаните повисок стандард, поголеми плати и пезнии, подобро образование, правда, здравство, социјала, поквалитетни јавни услуги, подобри можности за работа на комапниите, просперитет за земјоделците, шанса младите да останат да живеат во татковината.

Блокадите на ДПМНЕ ќе бидат поразени на претседателските и на парламентарните избори наредната година од европскиот фронт предводен од СДСМ.

Граѓаните немаат години за губење.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК