Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата утврди текст на Дополнет Предлог Буџет 2024 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница утврди текст на Дополнет Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година.

Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието на Република Северна Македонија, а се направени и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог Буџет.

Клучните елементи на Дополнетиот Предлог Буџет за 2024 година се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација, велат од Владата.

Утврдениот Дополнет Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, Владата го испраќа на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК