Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

МЗ: Успешно заврши кампањата „Од врата до врата“ на МЗ и СЗО со поддршка од ЕУ – Над 3600 вакцинирани деца или закажани термини за вакцинација

-Над 3600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација и се поделени над 7500 информативни материјали, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“, соопшти МЗ.

-Исто така, во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 2630 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19.

Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3867 домови низ државата, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК