Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокадите на европскиот пат

-Анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица е единствениот кочничар на европската иднина на државата, соопшти СДСМ.

„И покрај успешниот скрининг и силната поддршка во унијата, не започна процесот на отворање поглавја и тоа поради активната блокада на ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание.

Со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина.

Затоа на овие избори граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокадите на европскиот пат.

Со глас за СДСМ и Европскиот Фронт се обезбедува европска иднина, продолжување по европскиот пат до полноправно членство во ЕУ.

СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада која ќе ја однесе државата во Европската Унија и ќе обезбеди европска иднина, европски стандард и европски вредности.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД, МАГЛА И СИЛЕН ВЕТЕР ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Еве какво време нè очекува денеска

ДЕСК

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК