Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Повеќе зелено: Успешно реализирана акцијата за пошумување на СДСМ во Богданци

Денеска беше успешно реализирана акцијата за пошумување на СДСМ и СДММ и во Богданци.

Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, меѓу кои и Перо Костадинов, Стојан Николов, Анго Ангов, Лазар Петров, Блашко Шапов, Марија Костадинова, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 2.000 садници на потегот кај населеното место , на потегот кај браната Паљурци.

Во рамки на акцијата на 5 различни локации засадени се над 10.000 садници.

Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции.

Пошумувањето е значајна и општествено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК