Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Повеќе зелено, успешно реализирана акцијата на СДСМ за пошумување во Кумановско

Денеска успешно беше реализирана акцијата на СДСМ за пошумување и во Кумановско.

Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, меѓу кои и Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски, Костадин Ацевски, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Санела Шкриељ, Лидија Тасевска, Маја Манолева, Александар Бајдевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 3.000 садници на потегот кај населеното место Старо Нагоричане, Кумановско.

Во рамки на оваа еколошка акција, на 5 различни локации ширум републиката ќе засадат над 10.000 дрвца (садници), со средства обезбедени од СДСМ.

Пошумувањето е значајна и општествено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК