Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Кузеска: Граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокдата на европскиот пат

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Денеска сите ние можевме да славиме, Македонија да се радува на отворање на поглавјата и продолжување на европскиот пат.

Виновникот зошто тоа не се случи има име и презиме – Христијан Мицкоски и ДПМНЕ!

Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина и покрај тоа што имаме успешно завршен скрининг процес, и покрај тоа што имаме силна и недвосмислена поддршка и отворени врати на ЕУ.

Заклучоците на европскиот совет се кристално јасни – имаме успешен скрининг и без одлагање ќе биде свикана втората меѓувладината конференција за отворање на поглавјата по изгласување на Уставните измени.

Почитувани,

Ни се повтори 2008 година од истата политичка партија ДПМНЕ којашто тогаш го заглави членството во НАТО, се обиде да го блокира напредокот кон ЕУ.

Деструктивните активни блокади на ДПМНЕ во македонското Собрание е на штета на сите граѓани.

Затоа на изборите анриевропдкага коалиција на ДПМНЕ и Левица ќе биде казнета.

Активната блокада е времена блокада. Со победа на европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори европскиот пат продолжува до полноправно членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, заслужуваат европска иднина!

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК