Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, приведени пет лица

Вчера, во 12.00 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(38), Р.А.(35), Д.В.(31), Д.Т.(28), сите од Свети Николе и 23 – годишната А.П. од с.Горобинци, светиниколско. Имено, при контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А., кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купил од Д.В. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т., каде ги затекнале Д.В. и А.П., при што била пронајдена и одземена прашкаста материја, соопшти МВР.

Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК