Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Агелер: Ставањето на Анѓушев на „црната листа“ е поради цврсти докази за вмешаност во корупција

Причините за назначувањето на Кочо Анѓушев на американската „црна листа“ се многубројни и се за вмешаност во повеќе случаи на корупција – амбасадорката на САД во земјава денеска на брифинг за новинари објаснуваше зошто ексвицепремиерот за економски прашања од минатата недела се најде на овој список. Притоа, Анџела Агелер на навлегуваше во детали за конкретните случаи за кои американската администрација има докази за коруптивни дејства на еден од најбогатите македонски граѓани.

„Има разни аспекти во кои не можам да навлегувам поради приватност зашто приватноста ја земаме во предвид дури и за лица кои ги санкционираме. Сум чула како луѓе велат – зошто него, поточно еден новинар ме праша зошто Кочо, тој е фин човек….? Пак ќе кажам има многу докази за бројни случаи така што не е само оф еднаш се лизнав. Мислам дека вие тоа го знаете, сте виделе многу, многу случаи и многу инстанци. Станува збор за прашање на отчетност, да се биде одговорен за своите чекори. Не можам да навлегувам во специфики, законски не ми е дозволено.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје.

На Анѓушев и неговото семејство им е забрането да патуваат во САД, но тоа, барем засега, не значи дека не може да има бизниз во Америка или бизнис-односи со американски компании.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК

Тешка сообраќајка на улицата „Имер Призрени“ во Скопје – повредени две млади лица

ДЕСК