Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Не се крши законот, мандатот се доделува на коалиција, вели Ковачевски за изборот на Џафери за технички премиер

Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека нема кршење на Законот, со тоа што ДУИ го избра собранискиот спикер Талат Џафери да ја преводи владата 100 дена пред избори, односно да биде на функцијата технички премиер.

Ковачевски во таа насока рече дека мадатот што претседателот на државата го доделува за формирање на Влада, се доделува на коалиција, на онаа која има најмалку 61 пратеник во Собранието, па затоа тука нема ништо спорно.

Според премиерот, обврска на сите политички партии е да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите. Со тоа, вели тој, ќе имаме демократски процес на кој нема да има ниту една дамка.

Во законот нема импровизација, заклучи премиерот.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК

ПОЖАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Две лица завршија на клиника поради вдишување чад

ДЕСК