Самотијата често се меша со осаменоста, но поминувањето време со себе може да помогне да се намали притисокот на модерниот живот и да им помогне на луѓето да се чувствуваат послободни, покажаа новите студии.
Воделе дневник
Истражувачите побарале од 178 луѓе да водат дневник три недели, запишувајќи го бројот на часови секој ден што ги поминувале без лице-в-лице или дигитален контакт со луѓето. Студијата покажа дека како што се зголемува бројот на часови поминати во осаменост, количината на стрес во животот се намалува.
Самотијата не е секогаш целосно добра, бидејќи луѓето генерално се чувствуваат осамено кога се без контакт со други луѓе подолго време, но тоа не важи за оние кои редовно поминуваат долги временски периоди сами. Истражувачите заклучија дека осаменоста е непријатна само ако сте сами кога не сакате да бидете. Што значи дека некои луѓе можат да поминуваат часови со себе и тоа да не влијае на нивното здравје.
Капетанот на неговиот брод
– Осаменоста може да биде многу релаксирачка, бидејќи тогаш вие сте капетан на вашиот брод. Нема шеф кој бара од вас да завршите некоја работа, нема разговори каде што се чувствувате под притисок да бидете забавни и пријатни. Се разбира, уживањето во друштво е многу добро, но може да биде и оптоварувачко, па одредена количина на самотија може да помогне во балансирање на времето што го поминуваме во општеството и да го подобриме нашето здравје, и физички и психички – вели професорката Нета Вајнстин од Универзитетот во Рединг, кој е и водач на истражувањето.
Истражувањето објавено во списанието „Scientific Reports“ се обидело да утврди дали постои „прекршна точка“, односно точен број часови поминати во самотија што може негативно да влијае на здравјето на поединецот. Но, на големо изненадување на истражувачите, тие не нашле таква поента.
Уживање во денот
Испитаниците мораа секојдневно да одговараат дали се чувствуваат под стрес и податоците покажаа дека тие пријавиле пониско ниво на стрес во деновите кога биле подолго сами. Меѓутоа, дали луѓето ќе изберат да бидат сами, игра голема улога. Истражувањата покажаа дека кога луѓето избираат да бидат сами, бројот на денови што ги поминуваат сами не може да влијае на нивното уживање во тој ден.
– Резултатите од студијата покажуваат дека не е точно дека луѓето кои поминуваат време сами се осамени – велат истражувачите и заклучуваат дека „трошењето време сами е лошо за општото здравје само ако личноста не сака да биде сама или е сама за подолго време од вообичаеното порано“.