21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Тафталиџе на протест: Утре собир на граѓани поврзан со ДУП-овите кои се носат во Карпош

Граѓанската иницијатива Независни за Карпош објави дека утре (недела, 10 декември) во 18 часот во Кинотека на Македонија (библиотека Другарче) ќе се одржи настан поврзан со ДУП-овите кои се носат во Општина Карпош.

„Во тек се припреми за Детални урбанистички планови на повеќе блокови 306 – Тафталиџе 1. На Јавните презентации и јавни анкети не дозволуваат учество на сите засегнати, само на жителите кои се на планскиот опфат, а промените се толку големи, што не само што непосредно ќе влијаат врз животот на Тафталиџе 1, туку и на соседните четврти, па и на целиот град Скопје“, стои во поканата за собирот на Независни за Карпош.

Од таму посочуваат дека целта на овој собир е да ги презентираат нивните сознанија за тоа што се случува во однос на урбанизмот. Советот на општината да ги слушнат граѓаните, нивните ставови и проблеми со кои директно се соочуваат.