„Добро вечер кумановци и кумановки, имам спремено говор за енергетика меѓутоа толку многу работи се кажаа толку многу корисни информации, што ќе го прескокнам тој дел. Само ќе изразам една огромна благодарност за сите кои што учествуваа во овие трибини преку 30 говорници, многу министри, многу пратеници учествуваа, директори на институции многу претставници на бизнис заедницата и невладиниот сектор. Стотици илјадници граѓани, низ осум града, низ државата. Имавме во изминатите четири месеци можност да разговараме за европските вредности, за европските примери, но она што посебно ме израдува што поминавме преку 30 европски проекти финансирани од ЕУ, коишто се успешни приказни и кои се дел од нашата македонската европска приказна,“ порача заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ на отворената трибина за граѓаните од кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на темата – енергетикa во Куманово.
Тој се осврна на приликата во Куманово да посети еден наш славен бренд „Бучен Козјак“кој што исто така е дел од успешната европска приказна. Како и за можноста да посетам повеќе фабрики и компании кои го кажуваат истото, а тоа е „Сакаме во Европската Унија што побрзо, сакаме да живееме европски, сакаме да се развиваме европски, ги сакаме и европските вредности, европските фондови, ние припаѓаме во Европа, ние сме Европа,“рече Маричиќ.
„Пред само седум години бевме држава во сериозна политичка криза држава која беше означена како заробена држава. Денеска сме веќе со започнати преговори, а за само седум години можеме да бидеме членка на ЕУ. Затоа да продолжиме по овој пат бидејќи таму припаѓаме. Да живее европско Куманово, да живее Европска Северна Македонија,“ порача Маричиќ.