Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Да продолжиме по европскиот пат, бидејќи таму припаѓаме

„Пред само седум години бевме држава во сериозна политичка криза држава која беше означена како „заробена држава“. Денеска сме веќе со започнати преговори, а за само седум години можеме да бидеме членка на ЕУ. Затоа да продолжиме по овој пат бидејќи таму припаѓаме. Да живее европско Куманово, да живее Европска Северна Македонија,“ порача заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ на отворената трибина за граѓаните од кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на темата – енергетикa во Куманово.
Тој посочи дека треба да бидеме горди на еден процес кој за прв пат се случи во овие две години, а тоа е процесот на отворање на преговорите кои ги отворивме минатиот јули после 17 години, со интезивен период од 15 месеци скрининг, кој се затвори минатата недела. Со околу 1000 учесници и 850 презентации.
Она што го приметивме таму е дека не сме толку далеку од ЕУ, но исто така не смееме да стоиме повеќе во место,“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК