20.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Арсовски : Ако опозицијата ја бојкотира техничката влада тоа ќе го намали нејзниот легитимитет

„Ако опозцијата ја бојкотира оваа техничка влада, тоа ќе го намали нејзиниот легитимитет. Сега би било во нивна корист да учестуваат во оваа техничка влада. Постојат повеќе причини околу наративот која е националноста а не квалификациите на оној што е премиер оти ние се уште сме во полуетничка фаза на општеството. Но ова е чекор кон поголема меритократија. Во моментот Албанците добиваат симболичка поткрепа дека ниедна функција не е резервирана само за една етничка група. Вистинското прашање е дали опозицијата поради функцијата технички премиер на Талат Џафери ќе ја бојкотира техничката влада и тоа може да го искомплицира работите’’ – рече политичкиот аналитичар Петар Арсовски, во Студио 10 на ТВ 24.

Арсовски додава дека тој не гледа оптимистично решение дека уставните измени ќе се случат брзо освен ако не се формира влада. Како држава ние сме ставени во една фаза на т.н средорочен циклус кадешто ни ЕУ не сигурна за изменте а и земјите од балканот губат интерес за било какви реформи.

„ Не е исклучено европскиот фронт да ги помати сметките на ВМРО ДПМНЕ која очигледно има стартна позиција. Важно е париите да изнесат многу повеќе од нивните политички платформи пред изборите за да граѓните знаат што ќе спроведуваат и да не се доведеме до момент кадешто Македонците ќе си гласаат за Македонци а Албанците за Албанци’’ – рече Арсовски

Арсовси додава дека Донтовиот модел ги фаворизира предизборните коалиции и навистина е тешко да се состават пратенички листи бидејќи нема простор за гласачите да кажуваат по кој редослед да се вклучуваат пратениците во прламентот наместо партиските раководства.