19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Соработник на Мицкоски фатен со дрога во Охрид, ВМРО ДПМНЕ ќе го исклучи од партијата

Во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО ДПМНЕ, откако претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Пецаков било фатено како употребува наркотични средства.

Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид и во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО ДПМНЕ, откако претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Пецаков било фатено како употребува наркотични средства во угостителски објект.

„Толоманоски по пријавата е разрешен, СДС наместо двојни стандарди да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос“ се вели во соопштението до медиумите од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму повторно повикаа на одговорност од министерот Оливер Спасовски за двојното убиство на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

Можеби ќе ве интересира

Страотна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобил здробен при судир со камион, има тешко повредени

ДЕСК

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА БЛИЗУ РЕСЕН: Двајца загинаа, има повредени – МВР соопшти целосна информација

ДЕСК

Среде бел ден во Скопје ограбена филијала за брзи кредити, непознато лице ги собрало парите

ДЕСК