Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Зошто Мицкоски молчи за средбите со Палевски, што крие?

-Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, кој е осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност. Зошто Мицкоски молчи за средбите, за тоа што се разговарало и договарало, што крие? – прашаа денеска од СДСМ.

„Обидите за маниупалација, поткопување на истрагата, изопачената потреба да го злоупотребуваат случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски.

Особено што јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палески беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.

Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.

Затоа, надлежните органи имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници вклучително и со Христијан Мицкоски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК