Centar.mk
вестКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Во петок од Албанија враќаме 21 од украдените икони

„Од Албанија овој петок 21 од украдените и потоа пронајдени икони ќе бидат вратени дома, со што ќе останат уште дваесетина икони кои незаконски беа изнесени од државата – за нивното враќање потребно е да се завршат процедурите“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“.

Таа додаде дека враќањето е резултат на билатералните договори за соработка во областа на културата, но и одличната комуникација која министерството ја има со колегите од државите во регионот.

„Културната соработката која се темели на европските вредности е вистински елемент на европското поврзување и заедничко придвижување напред. Затоа и сме толку фокусирани на поврзувањето и соработката со регионот, бидејќи тоа е еден од најдобрите начини за обезбедување на долг рок заштита на културното наследство“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека културата е отворена како никогаш досега, а приоритетот сепак се става на домашната културна политика.

„Иницијативите како Берлински процес и Отворен Балкан ја поттикнаа соработката и настрана од политиката, се докажа дека културата е витална и дека ја има моќта да ги зближува и државите и народите“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Чија си“ – авторизираната биографија на Славе Димитров од Максим Ристески

ДЕСК

Александар Видиновски: „На местото на настанот“ потсетува дека најтешките битки не се водат на фронтовите, туку во време на мир

ДЕСК

Промоција на книгата „На местото на настанот“ од новинарот Александар Видиновски вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

ДЕСК