19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Ги охрабрувам младите жени авторки да творат гласно и самоуверено

„Како министерка за култура сакам и во оваа прилика да нагласам дека жените и младите авторки се во фокусот на поддршката на министерството кое го предводам. Ги охрабрувам да творат гласно, да творат самоуверено“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“.

Таа додаде дека за жал преку трагичните настани ја согледуваме појасно, целосно, реално и прецизно ситуацијата во нашето општество поврзана со различните социо-патолошки појави, омраза и насилство во различни видови и на различни нивоа.

„Семејното насилство не е семејна драма, насилството не е жанр. Тоа е аларм, тоа е повик на гласност. Жената која бара помош не го растура семејството. Напротив. Таа е жртвата“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека за жал, , и новите технологии, и интернетот, социјалните мрежи стануваат алатка за дигитално насилство врз младите и врз жените и дека ова насилство преку тастатура, кое најнапред беше дефинирано како вознемирување, добива широки размери и станува светски проблем искачувајќи се високо на скалилото на насилство со тешки и трајни последици.

„Многумина и од нас биле жртва на вербално насилство и преку социјалните мрежи. Сме биле навредувани, пред сė како жени. Воздржувањето од пријавување е погрешна одлука која на насилникот му дава сила неказнето да продолжи со својот говор на омраза, со своето силеџиство. Во свет во кој секоја трета жена е жртва на секаков вид на насилство само зашто е жена, културата и уметноста се добри заштитнички зашто и тие честопати биле жртва на насилна злоупотреба. Но, ако се употребат за да се отвори дијалог и да се испрати порака дека нема табу теми, тогаш се разобличува и лагата дека постои невидливо насилство“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Спонзорирано: