Centar.mk
вестКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Очекувам граѓаните да изберат политичари кои успешно ќе ги завршат преговорите со ЕУ до 2028 година

„Очекувам граѓаните да дадат мандат на политичарите кои умеат и се посветени да ги завршат успешно преговорите со ЕУ до крајот на следниот мандат, односно до 2028 година. Очекувам победа на европскиот фронт предводен од СДСМ, што ќе значи победа на демократските и напредните политики, наспроти политиките водени од дезинформации и омраза чиви претставници се ДПМНЕ и Левица“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“.

Таа додаде дека очекува избраните пратеници, претседател, а потоа и Владата да продолжат да се спротивставуваат на радикалните националистички појави во општеството бидејќи гледаме какви последици носат таквите наративи.

„Очекувам периодов пред нас да креираме една позитивна политичка атмосфера која ќе овозможи продолжување на нашиот интегративен пат кон Европската Унија“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Чија си“ – авторизираната биографија на Славе Димитров од Максим Ристески

ДЕСК

Александар Видиновски: „На местото на настанот“ потсетува дека најтешките битки не се водат на фронтовите, туку во време на мир

ДЕСК

Промоција на книгата „На местото на настанот“ од новинарот Александар Видиновски вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

ДЕСК