Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски

Владина делегација, предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, положи цвеќе и оддаде почит на патронот на македонската култура, една од најзначајните личности за македонската писменост, Свети Климент Охридски, во рамки на одбележувањето на денешниот голем државен празник 8 Декември – „Св. Климент Охридски“.

Во состав на владината делегација се заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Пред споменикот на Свети Климент Охридски, на платото пред истоимената Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, во Скопје, во чест на големиот просветител и духовник, основач на Охридската книжевна школа, положија цвеќе и оддадоа почит и делегации од Собранието на Република Северна Македонија, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, од Армијата на Република Северна Македонија, од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија, претставници од дипломатски кор, од парламентарни политички партии.

Владата на Република Северна Македонија продолжува активно да ги штити и промовира македонскиот јазик, литература и култура, како достоинствен начин на продолжување на светиклиментовото просветителско дело.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Излегува на виделина блискоста на Коларевиќ со СДС, затоа да одговори дали по наредба на Абази и насока на Филипче, Заев и Ахмети ја стопира постапката за случајот „Мазут“?

ДЕСК