Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Миле Маркоски избран за нов декан на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје на вчерашната седница на Наставно-научниот совет го избра новиот декан на факултетот. Проф. д-р Миле Маркоски ја доби довербата од Наставно-научниот совет на факултетот, да биде Декан во мандатниот период 2024 – 2027 година.

Маркоски моментално ја извршува функцијата продекан за наука, соработка со стопанство и развој.

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е еден од најстарите факултети во државата и е еден од основоположниците на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Факултетот како водечка институција во областа на земјоделските науки и храната, оваа година одбележува 76 години од своето основање.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК