21.8 C
Скопје
8. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Традиционална хуманитарна акција за децата од семејствата со семејно насилство

Правната клиника ја организира петтата по ред традиционална хуманитарна акција.
Оваа година во фокусот на нашето внимание се децата на жени кои преживеале семејно насилство или децата кои и сами биле директни жртви на истото.

Драги добронамерници,
На една жена и е потребна голема храброст, решителност и истрајност за да пријави семејно насилство и да го напушти насилникот. Проблемите се поголеми кога во таа токсична заедница имало и деца, а уште поголеми кога поранешната или сегашна жртва е понатаму одговорна на тие деца да им обезбеди нормален живот.

Зимскиот период, и обврската за обезбедување на соодветна топла облека и обувки за своите деца, е голем финансиски терет за овие жени, а овие деца, како и секое друго дете, заслужуваат да му се израдуваат на снегот и на новогодишните празници.

Од тие причини решивме оваа хуманитарна акција да му ја посветиме на 26те дечиња, кои во изминатата 2023 година беа штитеници на Женскиот центар за психосоцијална и правна поддршка на жени и деца жртви од семејно насилство во Битола.

Од сите заинтересирани лица бараме донација во вид на:
– ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
– НОВИ ( НЕ УПОТРЕБУВАНИ)
* зимски чизми,
* зимски јакни,
* капи, нараквици, шалови,
* термо тренерки, дебели блузички или панталони,
* термо чорапи, хулахопки, долни маички со долги ракави,
-НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА
-НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ (Побаравме секое дете да ни каже што сака да му донесе Дедо Мраз за Нова година и тој список дополнително ќе го објавиме).

Секој заинтересиран може претходно да ги исконтактира претставниците од Правна клиника, преку кои би можеле да ни ја доставите донирана сума на пари, пакетчиња, подароци или да добиете информации за полот и возраста на децата за кои преостанува потреба од донација на облека и обувки.

Ајде да направиме сивилото на нечие детско секојдневие да блесне во празнична магија.

Ве очекуваме!

Лица за контакт:
Ана 071 381 452
Христина 075 261 686
Ирина 077 679 922