Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Скопјанец осомничен за недозволено држење оружје и насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми.

-Полициски службеници извршиле претрес во автомобилот и го пронашле оружјето, откако претходно истиот ден осомничениот го вперил пиштолот кон три лица и испукал еден куршум во воздух пред зградата во која живее, а еден од оштетените и го удрил со шлаканица по лицето. Истрага е поведена поради основано сомнение дека со тоа сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, а против осомничениот ќе се води и скратена постапка за кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК