Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Ние денеска ги препознаваме делата на Свети Климент Охридски како епохални и безвременски

Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ на Фејсбук:

„Денеска го одбележуваме празникот Свети Климент Охридски, посветен на светителот кој на македонско тло ја создаде кирилицата и кој со своето дело го обедини светото и световното, оставајќи зад себе силни универзални вредности.
Како основач на Охридската книжевна школа, односно на првиот балкански и европски универзитет, Свети Климент Охридски не само што ја продолжил мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, туку и на најдобар начин ги застапувал вредностите на просветителството преку учењето за солидарноста на христијанскиот дух и верата на луѓето.
Свети Климент Охридски како еден од најблиските и најревносните соработници на светите браќа Кирил и Методиј ја продолжил мисијата за описменување на народите на Балканот и во Македонија, и во нивна чест ја унапредил глаголицата во кирилица и така ги создал никулците на македонскиот јазик и писмо.
Денес, Македонците и современиот македонски јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа.
Ние денеска ги препознаваме делата на Свети Климент Охридски како епохални и безвременски. Тие за навек не задолжија нас да го чествуваме овој голем празник, да покажеме поголемо заедништво и мудрост и да излеземе посилни пред предизвиците со кои се соочуваме.“

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК