13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска упати честитки по повод денешниот државен и верски празник Свети Климент Охридски

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска упати честитки по повод денешниот државен и верски празник Свети Климент Охридски:

„Честитки по повод денешниот државен и верски празник Свети Климент Охридски, родоначалникот на македонската писменост и старословенска култура.
Неговата мисија, желба за духовна храна и поткрепа на луѓето, како и неговата мудрост нека и денес нѐ сплотуваат и водат кон подобар живот, во овие времиња исполнети со многу предизвици.
Климентовото дело и мисла се трајно врежани во нашето културно наследство, кои нѐ задолжуваат да продолжиме да ја чуваме македонската културната и јазичната посебност и да ја предаваме оваа обврска на идните генерации.
Денес кога мојата алма матер го одбележува својот ден, имам уште една посебна гордост, како дел од наставно-научниот кадар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Како единствен македонски универзитет кој е член на Европската универзитетска алијанса, останува активен партнер во општествено економските процеси, давајќи голем придонес во чувањето и унапредувањето на интелектуалното, научно и културно наследство.
Нека е вечно сеќавањето и чествувањето на Св. Климент Охридски.
Нека е честит Патрониот празник на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.“

Спонзорирано: