Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Јовановски: Антикризните мерки се насочени кон ранливите категории на граѓани

„Антикризните мерки се насочени кон ранливите категории на граѓани, како што заговараа и ММФ и Светска банка, да не бидат линеарни мерките, туку насочени кон оние категории на граѓани на кои им е најпотребна поддршка“ рече економскиот новинар Мирче Јовановски во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека таргетираните мерки на пензионерите се добри, бидејќи се издовјуваат средства за тие на кои помошта им е најпотребна.

„Тие со најниски пензии ќе добиваат пет месеци по три илјади денари, во средната група ќе добиваат по две илјади денари, а тие во третата група до 19 илјади денари ќе добиваат по 1500 денари во наредните пет месеци“ рече Јовановски.

Новинарот во гостувањето на „Слободен печат“ исто така исткана дека има таргетирани мерки и за учениците и студентите, како и мерки насочени кон компаниите.

„Мерките се добредојдени. Една од поинтересните мерки е за придонесите, што може да влијае работодавачите да ги зголемат платите, а Владата да помогне во покривање на придонесите за зголемените примања. Во минатата таквата мерка даде позитивни резултати, очекувам повторно тоа да се случи“ рече Јовановски.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Денеска го празнуваме Светиот маченик Нестор

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.