Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Доаѓа снег низ цела Македонија: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места.

Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Во петок ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи стабилно време, а температурите од понеделник ќе бидат во пораст.

Прогноза за 08.12.2023
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено претпладне.

Прогноза за 09.12.2023
Минимална температура: -6C до -1°C
Максимална температура: 4°C до 9°C

Утрото постудено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Прогноза за 10.12.2023
Минимална температура: -7°C до -1C
Максимална температура: 5°C до 10°C

Утрото постудено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК