Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против скопјанец, злоупотребил лични податоци на поранешната сопруга

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик. На 22.09.2023, без согласност од неговата поранешна сопруга, ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК