22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Европски фронт за членство во ЕУ до 2030 година: СДСМ ги повика политичките партии, невладини и граѓански здруженија да се приклучат

Социјалдемократите иницираат формирање на Европски фронт. Целта е членство во ЕУ до 2030 година.

Партијата ги повикува да се приклучат сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, граѓани, сите кои го поддржуваат европскиот пат

Иницијативата за формирање на широк Европски фронт започна пред два дена на седница на Извршниот одбор на партијата.

-СДСМ подава рака на сите проевропски и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика. Заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година, велат од партијата.

Од таму додаваат дека пред земјата и пред граѓаните е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.

Од партијата се убедени дека Европскиот фронт ќе ја формира следната проевропска Влада и ќе ја внесе државата во ЕУ.

Политичките партии на вчерашната лидерска средба го договорија датумот на парламентарните и на претседателските избори.

Премиерот Димитар Ковачевски, по средбата, објави дека првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг заедно со парламентарните избори на 8 мај.