Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прв круг претседателски избори на 24 април, a парламентарни и втор круг за претседател на 8 мај

Политичките партии на денешната лидерска средба го договорија датумот на парламентарните и на претседателските избори.

Премиерот Димитар Ковачевски, по средбата, објави дека првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг заедно со парламентарните избори на 8 мај.

Датумите, како што појасни Ковачевски, биле определени за да се запазат законските рокови, но и со оглед на верските празници што се паѓаат во тој период од годината.

Сто дена пред изборите ќе биде формирана техничка влада, при што, според коалицискиот договор, премиерот ќе биде од редовите на ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК