Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велосипедист падна на Водно и скрши колк, на помош дојдоа и граѓани за да го пренесат до амбулантното возило

Велсипедист попладнево околу 15 часот се повреди при пад на тешко пристапна пашачка патека под средно Водно.

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објави дека пријавата за случајот стигнала на 112 и екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата.

„До повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека. Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош“, вели Ангелов.

Тој им заблагодари на докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки.

Можеби ќе ве интересира

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

Усвоен Предлог законот за парнична постапка, се реализира уште една обврска од Развојната стратегија за правосудството

ДЕСК

Производството на сончоглед во 2025 година е зголемено за 5.8 % во однос на 2024 година

ДЕСК