Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните

-Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги, соопшти СДСМ.

„Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%.

Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ им наплаќаат поскапи комунални услуги, вода и паркинг на граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни, како Прилеп, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Гевгелија.

Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ одат на ексклузивни крстарења, носат рачни часовници од 8.000 денари, порачуваат хибридни бричеви со народни пари.

Тоа е ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК