Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Усвоените измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење овозможуваат целосна дигитализација на интерните процеси во институциите

На предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Владата усвои измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење со што ќе се овозможи институциите да работат целосно дигитално со употреба на електронски потписи. Ова е итно решение со кое ќе се премости периодот до донесување на новите законски прописи кои ќе го регулираат електронското канцелариско и архивско работење.

Со измените во оваа Уредба ќе се премостат пречките со кои се судираат органите кои целат кон целосно дигитализирање на нивните интерни процеси. Една од пречките во досегашната Уредба е што таа уредува дека документот на имателот со кој се врши службена преписка со друг имател треба да содржи и отпечаток на службениот печат за иматели на јавен архивски и документарен материјал. Со измените, на институциите ќе им се овозможи службените дописи да ги потпишуваат со електронски потпис, а валидноста на електронскиот потпис да ја продолжат со употреба на електронски временски жиг, со што ќе се избегне задолжителното печатење на документите заради досегашната обврска документот да содржи отпечаток на службениот печат.

Изменетата уредба е подзаконски акт од актуелниот Закон за архивски материјал. Новиот Закон за архивско работење, кој целосно ќе ја регулира дигитализацијата на канцелариското и архивското работење, во моментов се наоѓа на ЕНЕР и е отворен за коментари од јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК