Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Се враќа евтината тарифа на струја, сега 11 часа дневно e достапна за граѓаните, велат од СДСМ

-Евтината тарифа на електричната енергија од денеска се враќа кај домаќинствата. Сега домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. Просечно тоа значи заштеда за над 1.000 денари месечно, соопшти СДСМ.

„Со енергетските политики што ги презема Владата предовдена од СДСМ, се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа.

Зголемувањето на производството на електрична енергија и инвестицискиот циклус во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената на струјата преку ден.

Во рамките на антикризните мерки продолжува субвенционирањето на сметките за струја за над 600.000 домаќинства во државата.

СДСМ продолжува со грижа за сите граѓани. Со СДСМ секој добива повеќе.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК