Centar.mk
КУЛТУРА

ТРИБИНА: „КНИЖЕВНАТА СЦЕНА ВО СОВРЕМЕНИОТ КУЛТУРЕН КОНТЕКСТ“

6 декември 2023година, 12 часот Салон – Империјал 1

Почитувани,

Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на Трибина: „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ на ден 6.12.2023 година со почеток во 12 часот во Салон Империјал 1

Модераторка:
Ана Јовковска, авторка, новинарка и културна истражувачка

Говорници:
Петар Андоновски, автор
Живко Грозданоски, автор и книжевен преведувач
Јулијана Величковска, авторка, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“
Владимир Јанковски, автор и уредник во издавачката куќа „Готен“

„Книжевната сцена во современиот културен контекст“ е дебата во организација на авторката, новинарка и културна истражувачка, Ана Јовковска во рамки на програмата за литературна дејност „Македонски книжевни текови“ на Културно Информативен Центар- Скопје, сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.

Настанот е замислен како еден вид платформа за креативен дијалог и критичко размислување со современи македонски автори кои имаат значајна улога во креирањето на моменталните книжевни текови, културни теории и политички светогледи. На дебатата преку делата на авторите, всушност, ќе се адресираат важни општествени прашања: современите предизвици на книжевноста, културната продукција, уметноста, културните идентитети, медиумската култура и друго.

Со почит,

ЈУ Културно информативен центар – Скопје

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Чија си“ – авторизираната биографија на Славе Димитров од Максим Ристески

ДЕСК

Александар Видиновски: „На местото на настанот“ потсетува дека најтешките битки не се водат на фронтовите, туку во време на мир

ДЕСК

Промоција на книгата „На местото на настанот“ од новинарот Александар Видиновски вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

ДЕСК