17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? – лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование и во соработка со Меѓународен републикански институт (ИРИ).

На дискусијата се обратија Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања и Кристофер Бренан, резидентен програмски директор при ИРИ, а прашањата ги адресираа алумни членовите на Школата за политики на Претседателскиот центар за политичко образование, како учесници во дискусијата.

Во воведно обраќање Спасов ги елаборираше темите на дискусијата: претседателските избори во САД кои треба да се одржат идната година, спецификите на американскиот изборен процес, методите кои се користат за вклучување на гласачите и успешни политички кампањи, како и влијанието на американските избори во поширок контекст.

Беа посочени проблематиките и темите на кои најчесто се фокусираат левичарската и десничарската политичка опција со цел придобивање на електоратот, а во контекст на променетите општествени околности.

Резидентниот програмски директор при ИРИ, Кристофер Бренан во своето излагање го објасни целокупниот изборен процес во САД, начинот на избор на претседателските кандидати, тактиките со кои се служат во политичките дебати и стратегиите со цел успешна политичка кампања.
Тој се осврна и на можните влијанија коишто претседателските избори во САД во 2024 година би ги имале врз глобалните политички текови, а во контекст на новата геополитичка состојба и општата криза на демократијата со којашто се соочува светот.
Во рамки на дискусијата Спасов ја истакна континуираната и конструктивна соработка со ИРИ, како партнерска институција на Претседателскиот центар за политичко образование и изрази благодарност до Бренан, кој со алумни членовите го сподели неговото дваесетгодишно искуство и експертиза во доменот на политичките кампањи во САД.