Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска –Стојчевска: СДСМ е познат по високо ниво на демократски процеси, и сите одлуки се носат со консензус

„Исто како за одредување на датум за избори, секоја партија ќе одлучи со кого ќе коалицира, и на крајот сум убедена дека ќе победи и дека ќе имаме една коалиција која ќе има за цел да продолжување на патот на кој што сме, на начелата за пристапување кон полноправно членство во ЕУ, што значи тоа е одлука на партиско ниво која ќе ја донесат лидерите кога ќе седнат да се договараат во однос на тоа како ќе се одвиваат изборите и изборните циклуси,“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и потпретседателка на СДСМ во интервју за Алсат М Телевизија.

Во однос на претседателските избори, министерката посочи дека во рамки на секоја партија се прават анализи и анкети со кои би се утврдил најдобариот кандидат, предложен од партијата, како и дека во тек е процесот на одлучување.

„СДСМ е познат по високо ниво на демократски процеси, тоа значи дека не носи претседателот одлуки сам, како тоа што го прави претседателот на опозицијата и на моменти спротивни на она што неговите пратеници и партиски органи го соопштуваат како став. Отсекогаш сме важеле за партија со многу високо ниво на демократија и самосвест, високо ниво на комуникација,секогаш сме знаеле сите ставови да ги имаме на маса и на крајот да го извлечеме најдобриот став кој што ќе не застапува во јавноста како најдобриот став за партијата и секогаш сме се обединувале околу тој став,“ рече Костадиновска – Стојчевска.

Таа посочи дека секој член има право да каже кој став го застапува и кое мислење го има, како и дека на крајот одлуките се носат со консензус.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТОГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) Срце ќе ви се скрши, душа ќе ви заплаче: Катастрофално повлекување на Преспанското езеро – Ќе се оди ли пеш до островот “Голем град”?

ДЕСК

Мистерија: Додека копал со багер во кругот на Студентскиот дом “Стив Наумов” пронашол коски кои наликувале на човечки – јавен обвинител даде насоки за вештачење

ДЕСК

Две девојки претепани во Карпош

ДЕСК