21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: СДСМ е одговорна партија и никогаш не бега од она што е договорено со коалициските партнери

„Договор за датум за избори ќе има се надевам, првата полвина на декември кога ќе се сретнат сите политички партии, односно сите партии кои се во Собрание, кога ќе се договорат кој ќе биде најдобриот датум за избори. Очекувам дека најпрво ќе се постигне еден договор кој ќе биде усогласен помеѓу сите политички партии, кој што понатаму нема да предизвикува никакви проблеми. Очекувам дека ќе се почитува договорот кој што ние го имавме во 2020 година, а тоа е дека ќе се почитува пржинската влада и дека ќе почитуваме се она што што се договори тогаш,“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и потпретседателка на СДСМ во интервју за Алсат М Телевизија.

Во врска со премиер албанец Костадиновска Стојчевска истакна дека договорот направен со ДУИ во 2020 година, ќе биде испочитуван од СДСМ.

„Ние никогаш не сме бегале од она што сме го договориле со нашите коалициони партнери.Токму затоа сум сигурна дека мојата партија како предводник на владината коалиција ќе го испочитува овој договор со ДУИ,“ посочи Костадиновска-Стојчевска.

Министерката истакна дека можеби посакувано сценарио на ВМРО-ДПМНЕ е да има криза како што имаше изминативе две години, дека секогаш кога нешто не им се допаѓа тие сакаат избори, но се надева дека еднаш ќе ги стават своите политички на страна и ќе размислуваат за доброто на граѓаните.

„Таквиот состав на Влада како што беше воспоставен 2015 година беше да се излезе од политичката криза, заради нивниот начин како тие ги организираа изборите толку долго време. Досега не покажале одговорно однесување кое ќе им покаже на нивното гласачко тело како пример дека се одговорна партија која не шири паника, не шири лажни вести, дезинформации на дневно ниво и која што стои зад своите ставови,“посочи Костадиновска –Стојчевска.

Во однос на предлог за премиер и кога ќе се одржат изборите министерката посочи дека секоја партија одлуките ги носи во своите политички структури и дека кога ќе има датум за избори, ќе има и предлог премиер.