24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот културен сектор има потенцијал да придонесе во растот на домашната економија

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на маргините на третиот меѓународен форум на креативни индустрии оствари средба со Филип Керн директор и основач на КЕА за Европски прашања-Брисел, и Мартин Каф, советникот за креативни индустрии и туризам на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.
На состанокот беше разговарано за важноста на креативните индустрии, нивниот одржлив развој и придонесот кои го имаат во домашната економија.
Министерката за култура посочи дека се прават важни чекори за афирмација и вистинска валоризација на потенцијалот на секторот креативни индустрии, преку кој не само што ги зајакнуваме културата и уметноста, туку и индустријата.

„Креативните индустрии се значаен дел и од Стратегијата на Министерството за култура, а со новиот Закон за јавен интерес во културата, со кој се менува начинот на дефинирање, поддршка и финансирање на културата, воведуваме и на нови културни дејности од областа на креативните индустрии“, рече Костадиновска-Стојчевска на средбата.

Керн и Каф укажаа дека препознаена е посветеноста и активноста на Министерството за култура за промоција на важноста на креативните индустрии како „најмоќно економско оружје“, давајќи целосна поддршка за развој на креативните индустрии на различни ниво.
Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска со свое обраќање го отвори Меѓународниот форум на креативни индустрии на тема: „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“, во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје.