16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Добредојден е секој оној кој е за продолжување на патот на реформите, за ЕУ, за подобар стандард за граѓаните

„СДСМ секогаш бил отворен за коалицирање со други партии, не само со албанските партии,туку со сите партии со кои што партиските програми ни се слични. Тоа значи дека ние отсекогаш сме биле отворени за коалицирање, затоа што го имаме во предвид доброто за сите. Го промовираме концептот едно општество за сите што значи дека тоа не е само нешто запишано на хартија туку тоа е еден концепт зад кој што ние навистина стоиме и се придржуваме,“ истакна министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и потпретседателка на СДСМ во интервју за Алсат М Телевизија.

Таа порача дека секој оној кој сака да биде заедно со нив, и во предизборниот период и за време на изборите, кој што ги дели истите програмски цели кој што ги има партијата, а тоа е да се остане на патот на Европската Унија, да се продолжи со реформите, за повисок стандард на граѓаните, за мерки кои што го олеснуваат животот на граѓаните, секој е добредојден да учествува. Таа посочи дека СДСМ покажа и докажа дека има слух за многу активни политички чинители.

„Една од нашите програмски определби утврдени и на партиски конгрес, тоа е 1991 /92 година, како две најважни цели е да станеме НАТО членка и полноправна членка на ЕУ. НАТО земја членка сме, го гледаме бенефитот и значењето, се надевам дека со сите колаициски партнери, се на истиот пат со нас, со истите ставови за иднината секогаш ќе имаат простор да соработуваат со нас,“ порача Костадиновска –Стојчевска.