Centar.mk
perokostadinov
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: На граѓаните им е преку глава од партиски препукувања, да градиме општество со мерливи критериуми за успех

„Државата мора да се развива во контекст на дела, а не на зборови. На секој еден граѓанин му е, народски кажано, преку глава од дневнополитички партиски препкувања. Мораме да се развиваме како општество со мерливи критериуми за тоа што сме постигнале“ рече градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека значајно е во тие процеси да не се прави поделба по ниту една основа.

„Голем дел од тензиите и темата национализам се користи со подлабоки и повисоки цели. Но кога ќе навлезете во суштината на проблемот ќе сфатите деак граѓаните можат прилично добро да функционираат во една заедница и систем“ рече Костадинов.

Градоначалникот рече дека Валандово е мултиетничка средина, со повеќе етничк изаедници, но тоа не се истакнува и дискутира.

„Доколку ние тоа го потенцираме ќе стимулираме поделби. Воопшто не го дискутираме тоа како тема, бидејќи сметаме дека секој граѓанин е еднаков и заслужува еднакво место под Сонцето“ рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК