Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

(ВИДЕО) Инцидент во Собрание: Крмов искрши компјутер, а потоа со Апасиев фрлаа парчиња хартија кон потпретседателот Мисовски, а неговата реакција ги изненади пратениците на Левица

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов предизвикаа инцидент во Собранието откако почнаа да ги фрлаат нивните предложени амандмани, но и предметите што се наоѓаат на масата на претседателот на Собранието. Исто така беа користени и повисоки тонови.

Дел од листовите хартија беа расфрлани кон потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој претседаваше со седницата. Беше искршен и компјутерот, на кој што работат претседателот и потпретседателот на Собранието.

Сепак потпретседателот Мисовски остана воздржан и не падна на провокацијата на двајцата пратнеици.

Двајцата пратеници претходно побараа да се прекине седницата бидејќи дел од нивните амандмани не се архивирани.

Пратениците со 87 гласа за и 3 против го усвоија дневниот ред во Собранието.

Апасиев сметаше дека без преседан е фрлањето на 2500 амандмани и дека Собранието се става над Уставот.

Пратениците побараа седницата да биде прекината додека нивните амандмани не бидат разгледани. По ова, Мисовски беше принуден да даде половина час пауза.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК