Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ангелов: Горд сум што Европската комисија нѐ пофали за 112, дненво добиваме 1500-2000 повици

„Јас сум горд што во Извештајот на Европската комисија е дадена позитивна оценка за бројот 112 зад кој стои новоформираниот сектор во ЦУК, кој јас го формирав од искусни професионалци кои ги затекнав во ЦУК“ рече директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека на било кој човек кој има проблем и на кој му е потребна полиција, итна медицинска помош, противпожарна единица или се соочува со друг вид опасност може да се јави на 112 и операторите од таму ќе го распределат повикот.

„На повиците истовремено присуствуваат нашите вработени, припадници на МВР, итна медицинска помош или противпожарна единица. Така го кратиме времето зп ренос на информација и граѓаните добиваат побрза помош, без разлика што им е потребно“ рече Ангелов.

Директорот на ЦУК потенцираше дека тие имаат комуникација и со останатите институции доколку е потребно да бидат вклчени и тие во разрешување на ситуацијата.

„Водиме уредна статистика и во просек имаме од 1500 до 2000 повици дневно, со тоа што бројката варира“ рече Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК