23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Поради силниот ветар четири пожари на отворено, 1.650 повици за итни случаи на 112

Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на град Скопје во изминатото деноноќие имал две помали интервенции во градот и околината.

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Свети Николе во период од 16:20 до 18:00 часот, со два пожарникара и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација покрај патот Свети Николе – Штип, конкретно под надвозникот кај село Ерџелија.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарникарие од ТППЕ Тетово во период од 14:55 до 15:30 часот, со седум пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на запалени отпадоци во близина на с.Гајре.

Кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.650. „Реални“ повици за итни случаи биле 45,03%, а 54,97% биле други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните – или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 45,50% од повиците, кон Итната медицинска помош 44,95%, а кон пожарникарите биле упатени 4,95%. Кон ЦУК имало 3,60% од итните повици, што е во рамки на просекот од 3% до 10% што ги решава Центарот, секако заедно со 60 % другите, 60 % – именувани и како „неитни повици“.

Поточно, примарно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, а другите повици што не се итни ги решава согласно нивната природа, директно со упатства до граѓаните каде треба да се обратат за проблемот што се јавуваат или ги информира институциите и службите од Системот за управување со кризи за понатамошно нивно постапување за решавање на таквите случаи што се во нивна надлежност.