Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Поскапи цени за граѓаните и неработа, 2 години локална власт на ДПМНЕ со резултат нула

-После две години од мандатот на ДПМНЕ како локалната власт во над 40 општини резултатот е нула. Градоначалниците и локалните власти на ДПМНЕ не работат ништо за граѓаните, освен што им ги поскапуваат цените и ги задолжуваат граѓаните, соопшти СДСМ.

„Проектите кои ги ветуваа останаа нереализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ станаа збирки на лажни и нереализирани ветувања.

Истовремено удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за граѓаните, за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.

Мицкоски и ДПМНЕ не ја оправдаа довербата којашто им ја дадоа граѓаните.

ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт досега.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК