Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Руската економија забележа силен раст во третиот квартал

Руската економија забрза во третиот квартал, потпирајќи се на индустриското производство, објавија заводот за статистика и Министерството за економски развој, истакнувајќи ја зголемената потрошувачка.

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија порасна за 5,5 отсто од јули до септември во споредба со истиот квартал минатата година, што е најсилно од крајот на 2021 година, објави заводот за статистика Росстат.

Од април до јуни е зголемен за 4,1 отсто, а од јануари до март е намален за 1,8 отсто во однос на истиот период лани.

Растот е поттикнат од силните владини трошоци, а аналитичарите укажуваат на поголемо индустриско производство за војната против Украина. Овие фактори го ублажија влијанието на западните санкции, кои руските компании се чини дека сè поуспешно ги заобиколуваат, пишува новинската агенција dpa.

Руското Министерство за економски развој благо ја зголеми проценката за растот на активноста од јануари до септември, од 2,8 на 2,9 отсто, цитира агенцијата ТАСС извештај на службата за односи со јавноста на министерството, кој се повикува на заменик-министерката Полина Крјучкова.

На крајот на октомври премиерот Михаил Мишустин изјави дека рускиот БДП пораснал за 2,8 отсто во првите девет месеци од оваа година, повикувајќи се на податоци од Министерството за економски развој. Според премиерот, производството на индустриски производи се зголемило од јануари до септември за повеќе од три отсто, а движечка сила била преработувачката индустрија со стапка на раст од над седум отсто.

Во октомври, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите редовни есенски прогнози за светската економија предвиде дека БДП на Русија ќе порасне за 2,2 отсто оваа година и за 1,1 отсто во 2024 година, пренесува SEEbiz.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК